Здравствениот туризам во Бугарија станува клучен фактор за привлекување туристи од Германија
Здравствениот туризам се утврдува како клучен фактор за привлекување туристи од Германија. Бугарија сѐ поактивно работи на договори меѓу свои туристички центри и германските здравствени фондови, што го открива големиот потенцијал на спа и велнес туризмот во земјата. Ова го изјави туристичкиот аташе на Бугарија во Германија, Тихомир Патарински, на Европскиот форум за здравствен туризам, кој се одржува во близина на Варна, јавува БНР.
Патарински изјави дека веќе неколку години се во сила договори со здравствените фондови на Германија во однос на престојот на германски туристи во Бугарија.
„Токму по таа линија, каде што услугите за рехабилитација и закрепнување се рефундираат. Се разбира, тука не станува збор за масовен туризам, туку за туризам кој токму има можност да ги прошири крилјата на сезоната“, изјави Патарински.
Заменик-министерот за туризам, Мариела Модева, го истакна големото значење на патната карта и на акцискиот план во однос на воведувањето на здравствениот туризам како стратегија за Бугарија.
„На прво место е направена анализа какви услуги можат да се извршуваат во Бугарија во делот на денталното здравје, во делот на мускулно-скелетниот систем, во делот на превенцијата на кардиоваскуларните заболувања и балнеологијата “, коментира Модева.
