ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ БОРИ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ – ГОЦЕ ИЛИЕСКИ МНОГУМИНА СПАСИ, СЕГА Е РЕД НЕМУ ДА МУ СЕ ПОМОГНЕ

//

За Гоце се отворени и телефонски линии за донирање: 143414 за корисници Телеком 143504 за корисници А1 Цената на повикот е 100 денари!

Ковид-19 коси секаде, но колку е страшен вирусот знае поширокото семејство на Гоце Илиески од Прилеп, возач во Брза помош, кој 12 години брза да помага на други, но дојде денот кога хуманите луѓе треба да му возвратат. Дали Гоце ќе ја загуби битката со болеста или ќе има среќа на неговите 42 години повторно да застане на нозе и да спасува животи, зависи и од доброто срце на луѓето, кои се молат да донираат средства, за да може тој да го плати лекувањето во „Систина“. ММС разговараше со негови колеги и роднини и сите се со споени раце, со молба за помош до сите познати и непознати за спас на овој млад живот.

-Има само 42 години, наш возач во Брза помош долги години, над 12 години. Со Ковид- 19 се зарази тука, на работното место. Ние во Брза помош веќе половината го имаме поминато Ковид-19, кој полесно, кој потешко, но ете Гоце многу заглави. Во моментов е во тешка состојба во „Систина“ на респиратор. Еден болнички ден му е 2.250 евра. Сите собираме и сите ги молиме да помогнат, вели доктор Гордана Николовска – Димеска од прилепската Брза помош.

ММС го контактираше и неговиот братучед Диме Наумчески, кој ни ја објасни трагедијата на нивното семејство , но и тоа дека им е тешко да обезбедат пари за лекување, бидејќи, како што потврди и тој, плаќаат 2.250 евра на ден.



-Со Гоце сме први братучеди, но бидејќи тој нема браќа и сестри, ние сме како браќа. Нашето семејство со оваа опака болест се бори од почетокот на декември. Прво почина татко ми од Ковид-19, потоа на осми март почина мајката на Гоце. Тој сеуште не знае дека мајка му починала, бидејќи веќе две недели е во болница во критична состојба. Ја имаше само неа, бидејќи татко му почина уште во 2007 година. Тажно е што Гоце цел работен веке е посветен на работата, со Брза помош цел живот помага на други, но сега навистина нему му е потребна помош. Можете да замислите колку животи спасил. Неговата состојба е исклучитечно тешка, секој динар е важен. Како не зафати коронава глава не кренавме веќе четири месеци. Мајка му почина, а беа заразени и неговата сопруга е детето. И тие завршија во болница, но му благодариме на Бога детето е ок, сопругата е добра, прима терапија но, со Гоце е страшно. Веќе е втора недела, и не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме, се молиме дека тој ќе ја преброди болеста. Да не му затреба на човек ваква помош, но ајде да бидеме луѓе и да помогнеме, вели Наумчески и додава:

– Во моментов е респиратор и машина за прочистување на крвта. Дај Боже да ни се врати жив и здрав. Ние собираме помош, а не знаеме колку ќе треба додека да се спаси. Гоце навистина е душа човек, никакви комборбидитети немал. Секој ден околу 16 часот добиваме информации за него и секој ден со страв го чекаме 16 часот кога ќе ни заѕвони телефон со непознат број. Срце ни се стега каква вест ќе чуеме. Но, се молиме се да биде во ред и се надеваме на подадената рака на хуманите луѓе, вели Диме.

Претходна статија

БУГАРИЈА НЕ ГИ ДОБИ НАЈАВЕНИТЕ ШЛАКАНИЦИ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Следна статија

КОВАЧЕВ: АНТИБУГАРСКИОТ АМАНДМАН ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РС МАКЕДОНИЈА НЕ БЕШЕ ИЗГЛАСАН ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување