ДОДЕКА ГРЦИТЕ ШТРАЈКУВААТ НИЕ ГО ЧЕКАМЕ СЛЕДНИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД

Од утре во Грција ќе почне 24-часовен генерален штрајк организиран од мнозинството синдикати во јавниот и приватниот сектор, објави електронското издание на весникот Катимерини. Поради штрајкот, ќе има рестрикции во јавниот превоз – железница, воздух и море. Јавниот сообраќај во Атина нема да биде активен помеѓу 9 и 21 часот, метрото нема да оди до меѓународниот аеродром. Авио-транспортот исто така ќе се вклучи во штрајкот. Бродовите нема да ги напуштат пристаништата.