ЈАГНЕШКО ВО МЛЕЧЕН СОС
Состојки:
1 кг. јагнешко месо
75 гр. путер
1 прстофат мелен црн бибер
1 лажичка мајчина душичка
1 лажичка сол
3 јајца
4 чешниња лук
500 мл. овчко кисело млеко
Подготовка:
Исечете го месото на мали парчиња. Посипете го со сол и зачини.Парчињата месо се ставаат во путер и покриени со фолија се печат на умерена температура. Се мешаат јајцата, млекото и лукот. Месото се полива со подготвената смеса. Се пече додека јадењето не добие златна коричка. Јадењето се служи со гарнир салата од марула.
На здравје!

