| |

Започна долгоочекуваната реконструкција на граничниот премин Станке Лисичково на бугарско-македонската граница

Денеска почна реконструкцијата на граничниот премин Станке Лисичково од бугарска страна и на царинскиот пункт Логодаж на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, јавува БГНЕС.

Во текот на целото 180-дневно реновирање, движењето на автомобили и камиони низ пунктот нема да биде запрено, но може да биде ограничено на некои делници.

„Со почетокот на градежните работи овде ќе се гради нов граничен пункт, правците ќе бидат по три за влез и излез. Тоа ќе стане факт најмногу за една година“, изјави за БГНЕС Вјара Генова од Царинската агенција. .

Според Генова, двете фази од реконструкцијата ќе траат 180 дена, со планови за промена на рутите од една на три (две за автомобили и автобуси и една за тешки товарни возила) во секоја насока. Дополнително ќе се изградат нови површини за дезинфекција, контејнер за ладење и рендген, ќе се постават нови кабини. Ќе се изгради нова управна зграда, сали за темелна царинска проверка, санитарни јазли за минувачите, ќе се реновира и целосната водоводна и комуникациска инфраструктура.

Во првата фаза од градежно-монтажните работи, патничкиот и товарниот сообраќај ќе минува низ двете постоечки рути, а ќе се зачува досегашната организација на контрола на транспортните средства. Изградбата ќе се одвива од двете страни на постојната инфраструктура. Во втората фаза од градежните работи сообраќајот ќе се пренасочува преку новоизградените траси.

Вредноста на проектот е над 15,4 милиони лева без ДДВ, а финансирањето е обезбедено од државниот буџет преку Царинската управа на Бугарија.

„Со спроведувањето на реконструкцијата, покрај зголемувањето на пропусната моќ, ќе се постигне и побрза обработка на густиот сообраќај со собирање во една линија на сите контролни активности кои се во надлежност на Царинската управа/царинска контрола на операции за царинење на стоки, процесите за мерење на масата на патните возила, режимот на дозволи, вињетската контрола/“, известија од Агенцијата „Царина“.

Во однос на другиот граничен премин на територијата на Благоевградската област или граничниот премин Златарево кај Петрич, Вјара Генова објасни дека проектот се уште е во тек таму, бидејќи се уште не е во фаза на изградба.

За жал, на повеќето гранични премини има многу наталожени документарни проблеми кои треба да се решат за да се дојде до одобрен проект и пред се до градежна дозвола“, рече Генова.

Слични Објави