| |

Објавен е повикот за апликации за учество на Меѓународниот фестивал за етнографски филмови – „ЕТНОФФ 9“

Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) го најавува 9-тото издание на Меѓународниот фестивал за етнографски филмови – „ЕТНОФФ 9“, кое ќе се одржи на крајот на септември 2023 година во Скопје, Македонија.

Низ годините на ЕТНОФФ се прикажани филмови од студенти по етнологија, антропологија и сродни дисциплини, како и дела на професионалци во полето на филмот, кои отсликуваат важни општествени, политички и културни проблеми.

Насоки за аплицирање – доколку сте професионален режисер, студент по општествени и хуманистички науки од кое и да е ниво, или сте млад режисер на документарни филмови, a имате создадено филм кој раскажува приказна која е етнолошки и антрополошки релевантна, испратете ни го вашето дело преку линк за симнување заштитен со пасворд. Апликацијата треба исто така да содржи:

– наслов на филмот

– неговото времетраење

– краток опис

– листа на соработници

– превод на англиски јазик

Важно: сите апликации треба да содржат англиски титлови во .srt формат.

Ве молиме испратете ги вашите апликации на [email protected] не подоцна од 15 август 2023 година.

Веднаш по процесот на селекција ќе бидете известени за приемот на вашиот филм. Фестивалот е од ревијален карактер и не доделува награди – нашата цел е прикажување и промоција на филмови, јавуваат од Меѓународниот фестивал за етнографски филмови – „ЕТНОФФ 9“.

Слични Објави