| |

Просечниот осигурителен доход во Бугарија изнесува 919 евра, додека минималната плата е 550 евра

Националниот институт за осигурување на Бугарија соопшти дека просечниот осигурителен доход за земјата за септември 2025 година изнесува 1882,97 лева. Истовремено, утврдениот просечен месечен осигурителен доход за периодот од 1 октомври 2024 до 30 септември 2025 година достигна 1798,95 лева, односно 919,3 евра, јавува БНР.

Овој показател ќе биде основа за пресметување на износите на новододелените пензии во октомври 2025 година, согласно законот за социјално осигурување.

Во споредба, минималната плата во Бугарија во 2025 година е 1077 лева (550,66 евра). Синдикатот КНСБ пресмета дека нетната плата потребна за издршка на еден вработен што живее сам, според податоците од јуни, изнесува 1526 лева (780,23 евра).



Слични Објави