| |

ЏАМБАСКИ: БУГАРИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СОГЛАСИ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ ДОДЕКА ДОГОВОРОТ НАМЕРНО НЕ СЕ СПРОВЕДУВА

„Ако има некаков спор во моментот меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија тој се темели само на непријатниот факт дека властите во Скопје одбиваат да го спроведат Договорот за добрососедство кој беше потпишан пред три и пол години. Многу се зборува за тоа дека Бугарија ставила вето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Не! Бугарија не стави вето. Бугарија не даде согласност за одржување на првата конференција на министрите за надворешни работи на која треба да биде даден и формалниот старт на преговорите. Бугарија ги има своите апсолутно законски причини за тоа на база на меѓународното право. Договорите се потпишуваат за да се спроведуваат. Договорот треба да се исполнува чесно и коректно и од страна на двете страни. Кога имаме неспроведување, кога имаме недобронамерност од едната страна, нема како тие односи да се развиваат. Нема како Бугарија да го игнорира тоа и да си ги затвори очите. Тоа е во темелот на бугарската позиција“, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, за време на конференцијата за Западен Балкан, организирана од фондацијата New direction, потпретседател на која е самиот Џамбаски од партијата на Европските конзерватори и реформисти. Дел од организаторите на конференцијата е и меѓународниот Републиканси институт IRI.

„Многу погрешно е тоа што одредени средини се обидуваат да ја искриват вистината и да ја претстават бугарската страна како непријателска. Да тврдат дека Бугарија не го признава самоопределувањето на граѓаните на Р. Македонија или ги терала како да го нарекуваат своето самоопределување и својот јазик. Тоа е апсолутно невистинито, нечесно и лажно тврдење. Бугарија не го спори правото на самоопределување на кого и да е. Ние настојуваме за историска и политичка коректност, кога станува збор за настани пред 1944 година и кога станува збор за самоопределувањето на голем број фигури, дел од бугарската историја, дел од политичката историја и бугарската Национална борба за ослободување“, додава Џамбаски.

Слични Објави