Одбележуваме 104 години од смртта на големиот бугарски фолклорист, писател и борец за црковна слобода Марко Цепенков
На 29-ти декември 1920 г. во Софија умира МАРКО КОСТОВ ЦЕПЕНКОВ.
Роден е во Прилеп 1829 г. Се школувал на грчки јазик во Струга, кај учителот Наум Хаџов. Во 1856 или 1857 г. се сретнува со Димитар Миладинов и почнува активно да собира фолклорни текстови. Учествувал и во борбата против грчкото духовенство. Во 1888 г. Министерството за народно образование во Софија почнува да го издава „Зборникот на народни умотворби, наука и книжнина“. М. Цепенков стапил во контакт со професорот Иван Шишманов, на кого му ги доставил своите материјали. Професорот го посоветувал да се врати во Прилеп и да ја прошири својата колекција со описи на обичаи, занаети, традиции, тајни разговори и други. Цепенков трајно се преселил со семејството во 1888 г. во Софија. По предлог на И. Шишманов во 1896 г. ја напишал неговата автобиографија. До 1900 г. во „Зборникот на народни умотворби, наука и книжнина“ објавил 269 бајки и легенди, 85 песни, 389 верувања и ритуали, над 200 соништа со нивни толкувања, 46 баења, 12 басни, 8 обичаи и обреди, 3727 поговорки и мудрости, 100 гатанки, 20 скоропоговорки и 67 детски игри. Автор е на песни и стихотворби и на драмата „Црне војвода“. Во 1917 г. го потпишал Мемоарот на Бугарите од Македонија од 27-ми декември 1917 г.
“Со надеж Силјан да најде луѓе, тргна да оди од планината в поле. И до кај десет саатот дошол во крајот од полето и видел еден пат кај што оделе луѓе. – Еве ми трага от луѓе, си рекол сам со себе Силјан; арно ами што знам што луѓе ќе бидат? Ако се Бугари, арно, — ќе се разберам; ами ако се Турци или Власи или Арнаути, како ќе се разберам, за да зборуам?” Така си мислел Силјан и си патуал по патчето, што го нашол.
“…Море што не прогоориш, бре Силјане, да речиш добро-вечер, му рекол мажот, или помози Бог? Да ли онеме нешто од морето, што си пливал, дали што? — Сакав, стрико, да прогоорам, арно, ама чинев оти не знајте по мојо јазик Бугарски. Вие еве сте знаеле и по Бугаски и сте знаеле дури и името мое, рекол Силјан; ви се молам, стриколе, од кај ме познаате мене? што ми рековте на име?“
“Глигоре, синко Глигоре,
Глигоре, Бог да те убие,
што голем срам ни донесе
откога ти се посрби:
Името си го поцрни
татка ти, ти го засрами,
мајка ти си ја поцрни –
ти се продаде за пари,
на месец за пет минцои –
народо да го предаваш,
на сила да го посрбиш!
Синко, како не се срамиш,
на старост ти да се србиш
и за маскара да бидиш,
од народо да се делиш?
Нели сме ние Бугари
од две илјади години,
се’ бугарски зборуваме,
никој србски не знаиме
и сам ти србски не знаиш
каков Србин ти ке бидиш?
Глигоре, синко Глигоре,
кешке да се потурчеше,
одошто ти се посрбе
толку жал не ке ми беше.”