(Галериja)Во Скопје одбележан бугарскиот празник „Ден на народните будители“, публицистот Владимир Перев ја доби наградата „Будител на годината“

//

Денот на народните будители беше одбележан синоќа во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. На свечениот настан учество зедоа претставници на Македонскиот научен институт, ученици од неделното училиште „Здравеј“, детскиот вокален состав „Тип-топ“ од Ќустендил, а беше претставена и книгата „Сборникъ“ на бугарската новинарка и издавач Ангелина Бонева.

„Нека денот на Свети Јоан Рилски се претвори во Ден на народните будители, во празник на големите Бугари, за да разбуди во младите здрава мисла за постоењето и интерес кон дејците на нашето минато“, потсети амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов, цитирајќи ја во својот говор Прокламацијата за Денот на народните будители, напишана точно пред 100 години.

Плакетата „Будител на годината“ за 2022 г. ја доби доајенот на бугарската мисла во РС Македонија, публицистот и борец за правата на Бугарите во земјата Владимир Перев. Наградата ја доделува Амбасадата на Република Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар.

„Овој празник буди во нас спомен за оние, кои не се веќе со нас и кои го дале својот живот во борбата за бугарскиот дух, бугарската култура и бугарската идеја“, изјави Владимир Перев во својот говор по добивањето на наградата.

Гостите од Македонскиот научен институт доц. д-р Александар Гребенаров, проф. д-р Борјана Бужаска и долгогодишниот дописник од РС Македонија, новинарот Костадин Филипов направија кратка ретроспектива за самиот празник, ставајќи акцент врз делото на Паисии Хилендарски, автор на „Историја Славјаноболгарска“ и патријархот на бугарската литература Иван Вазов, пред чија куќа во 1919 г. граѓаните на Софија бараат утеха по потпишувањето на неправедниот Нејски договор.



Во рамките на свечениот настан беше претставена и книгата „Сборникъ” –книга со белешки за изхрана, лекување, оздравување, хигиена и здравје од 1868 година до денес”. Ова специјално дело беше претставено од самата авторка новинарката и издавач од Бугарија Ангелина Бонева, која раскажа и дел од историјата на својот род, поврзана со нејзината прабаба Ангелина, која учествувала во Илинденско-Преображенското востание, а исто така вовела систематизирано мени во училиштата за да нема деца кои гладуваат.

Одбележувањето на Денот на будителите заврши со песните на вокалниот состав „Тип-топ“ од Ќустендил и програма подготвена од учениците во неделното училиште „Здравеј“.

Претходна статија

Столтенберг во Истанбул: Време е Финска и Шведска да влезат во НАТО

Следна статија

МНР на Бугарија: Законските измени изгласани во Скопје го спречуваат ефективното спроведување на Договорот за добрососедство

Најново од Вести