После новогодишните обраќања на Мицкоски и Силјановска Давкова има ли малку светлина од дното на македонската криза?
Христо Михајлов
На секој успех во светската историја неминовно доаѓа и по некоја заблуда, како што и за секој напредок постои и чекор назад, па така и на секој гениј доаѓа и по некоја неповикана будалетинка. Сосема нормално, сите успеси како такви се бележат заради потомството. Имињата на тие гении се исклесани на спомениците и се запишани педантно со големи букви во учителката на животот, наречена историја.
А што станува со сите тие нелуѓе кои работеле буквално наопаку… оние кои поради нивните ненамерни грешки го изменувале текот на собитијата? Советската комунистичка империја, исто како и југословенската, грандиозно паднаа со самото паѓање на фамозниот Берлински ѕид. Со сето тоа се урна и самочувството на нив некогаш славната КПЈ и нејзината измекарка од Скопје, наречена СКМ.
Меѓутоа, не паднаа конечно и надежите на србокомунистичките реставратори на тој одречен од современото општество систем. Сето тоа што сите ние само немо го набљудуваме во нашиот невесел општествено-политички живот, нè тера длабоко да се замислиме кој всушност евентуално мисли за доброто и иднината на Р. С. Македонија.
Тоа што се извршија некои козметички преобразби, сосема не означува дека денешна Р. С. Македонија се има преобразено во некаква демократска држава. Вистината е само таа дека обичниот Македонец се преобрази во дрво без корен, како и самата негова матична држава.
Политичките кризи и понатаму ќе се редат, сè додека од нашиот народ се крие историската вистина за неговото минато. Точно таа вистина за ВМРО, цар Самуил, Илинденско-преображенското востание, кои во сите свои дејствија отсекогаш се раководеле од националните бугарски интереси, а не од тие на политичките партии еднодневки.
И најславната Титова партија КПЈ ни покажа недвосмислено дека 45 години ѝ се доволни, колку и да беше велика. И со сите национални интереси има нужда од права национална институција, а не од политичка идеологија.
Осознаваат ли денешните управувачи од онаа србочетничка ДПМНЕ од што има потреба дрвото без корен?
Занемените камбани
Зла прокоба лебди над нашата земја. Занемеа горите. Птиците со писок си ги собраа јатата и одлетаа од нашата проколната земја. Ќе се вратат ли назад? Занемеа и нашите души. Радоста ги напушти самите осиромашени куќи. На нејзино место се промолкна човечката мизерија и ги нагнети односите до нетрпеливост.
Само еден збор може да ни ги експлодира телата и да ни ги раскине меѓусебните врски. Да поцрнат нашите деца и да занеме нашиот дом. Криза во куќа, кај соседите, на другата улица. Во целото македонско општество.
Кој всушност е виновен за сето тоа, за растурот што го доведе македонскиот народ до просјачки стап, за отруената ни природа, за духовниот и моралниот пад на нацијата? Огромна вина е тоа — а кој ќе ја плати?
Дали ќе се заборави сето тоа во времето и никогаш нема да разбереме зошто, во почетокот на 21 век, една државичка со население колку еден европски главен град должи цели милијарди долари, живее во сиромаштија и нема никаква иднина?
Сите тие горливи прашања ќе ни ги задушуваат грлата, ќе ни ги раздираат душите сè дотогаш додека не се добие јасен одговор.
Една партија СКМ и нејзината посестрима ДПМНЕ, скрепувајќи ја власта со престапи, за педесетина години нè дотераа до национална катастрофа. Една и неделива. И најмалата казна е таа — да се викале СДСМ или ДПМНЕ — да не нè управуваат никогаш повеќе! Под ама баш никаква нова форма и под никакво име!
Само колку наивно чекавме нивно евентуално покајување! Од србојугословенски комунистички бездарници и безбожници не го добивме, нешто сосема природно — па и со покајување работата немаше како да помине.
Еден убав ден ќе има и суд за виновните и катарза за согрешниците. Зашто, по времето на перењето пари, неминовно ќе дојде и времето на перење на нечисти србомански совести.
Земјата ни е распната на крст. И за да ја изнесе на своите нејаки плеќи тешката духовна криза, македонскиот народ ќе треба да знае чиј грев, божем, искупува!
Занемеа камбаните — заради непростената нивна вина.
Сè уште никој жив што започнал да копа дупка не стигнал до нејзиниот обратен крај. Со сигурност тоа не можат да го постигнат и нашите политички сили. Некаде од каде нема враќање назад е нашата светла перспектива.
Веројатниот излез не е просто во смената на закопувачите или во смешната екипа од истите тие, туку во смислата на самото закопување на нашата држава.
Денешните модерни социјалдемократи и онаа србочетничка банда наречена ДПМНЕ брзо заборавија за своето потекло и најактивно содејствуваат во нашето сенародно закопување.
Но ако за нив обратниот пат е посеан со нерамнини, тогаш за нашите демократски сили тоа враќање кон светлината е едноставно задолжително.
Ако демократските сили се цврсто решени да ја изведат Р. С. Македонија од дупката на кризата, во која нè закопуваат од 1945 година родствениците на СДСМ и ДПМНЕ во копањето на истата таа црна дупка.
Зашто дупката ја закопаа токму тие — СКМ, СДСМ и ДПМНЕ — и никој друг. Ја продолжија нивните сомисленици од типот на Глигоров, Црвенковски, Груевски, и демократските сили неуморно копаа на истата таа дупка без дно, се подразбира, патем укрепувајќи го ископот за да не се затрупа самата дупка врз нив, сè додека им помина мандатот.
Интерес би претставувал одговорот на логичното прашање: дали ДПМНЕ или СДСМ имаат намера да продолжат сè подлабоко и подлабоко, следејќи ги србомакедонистичките призиви од блиското ни Титово минато?
Таквата намера можеби ќе се покаже како доволен повод на идните парламентарни избори некоја нова политичка сила, затрупувајќи ја истата таа порасната веќе дупка, да заборави за нивниот демократски придонес во нашиот развој по сè истиот тој пат кон Европа.
Копањето дупки, како и секоја друга безцелна дејност, води само до кризи, кои ги засегаат и набљудувачите и копачите — првите од предолго чекање, вторите од исцрпување на физичките сили, предвидени за таа нивна антимакедонска дејност.
Но доаѓа момент кога и да се вртиш назад, сè црно се гледа. Речиси сме стигнати, ако не и преминати, токму до таа положба на нештата со нашата цела вештачки создадена република.
По мое скромно мислење, сè уште има желни да се продолжи копањето и нашето потполно закопување.
И ете зошто некои нови парламентарни избори би можеле да се покажат како последната светлинка, идејќи од отворот на дупката, низ која сè уште би можеле да се извлечеме сите ние.
Зависи, во најголема мерка, од нашата лична желба.
