(Видео) Проф. д-р Ангел Димитров: РС Македонија мора да ги отфрли насоките на југословенската орбита за да се доближи до Бугарија
Бугарскиот историчар и дипломат проф. д-р Ангел Димитров вечерва во Софија ја претстави својата нова книга „Бугарија и Република Северна Македонија. Средба помеѓу историјата и политиката“. Трудот на проф. Димитров ја оценува современата состојба на РС Македонија, на двостраните односи со Бугарија, на бугарската национална драма и патот кон една различна иднина.
Книгата е продолжение на „Република Македонија меѓу југославизмот и национализмот“, издадена 2011 година, јавува БГНЕС.
Новото истражување фрла светлина врз србојугословенските планови за Македонија, причините за одбивањето на политичката елита во Скопје, за искрено зближување со Бугарија и нејзината папочна врвца со Белград и Москва.
„Зошто требаше да биде напишана таа книга? Затоа што допира прашања со пулсирачко историско значење и влијае директно врз можноста за вистинска добра и заедничка иднина меѓу двете соседни држави. РС Македонија не е во состојба да се извлече од југословенската орбита во која што е создадена. Таа излегува тешко од ова наследство а тоа се однесува и за политичката класа. Постои филтер кој не дозволува скренување од препораките на доктрината која е политичка оска на државната политика“, изјави за БГНЕС проф. Димитров.
„Идеологијата на македонизмот е идејната оска на сите влади кои носат одговорност за иднината на таа држава. Имаме потреба од искрена пријателска иднина меѓу двете држави“, подвлече тој.
Проф. Димитров објасни дека длабоката држава во Скопје има лостови за моделирање на општеството и политиката. Во конкретниов случај тоа се сите оние структури и личности кои се поврзани со старите служби и кои ја држат економската моќ.
Димитров посочи дека македонскиот идентитет е продукт на Белград и Москва на старата доктрина на Стојан Новаковиќ и на нејзиното понатамошно модифицирање од Коминтерна.
„Зближувањето е возможно ако се постигне историска, социјална, политичка катарза. Се надевам дека луѓето не го загубиле чувството за блискост со Бугарија“, додаде научникот.
„Понекогаш во животот твојата најголема сила е и твојата најголема слабост. Најголемата емоција е и најголемата препрека. Најважното нешто се прави најтешко. Такви се односите помеѓу Бугарија и РС Македонија. Пред нас имаме извонредна шанса- книгата на проф. Ангел Димитров“, изјави новинарот Бојко Василев.
„Проф. Димитров ја разгледува продлабочено внатрешно политичката кристализација на младата држава која се одразува врз партискиот систем и врз целокупното македонско општество. Макар и да е доста критичен се продира неговата добронамерност да се разбере спротивната страна. Надежите на Ангел се поврзани со една оптимистичка иднина на билатералните односи“, изјави д-р Михаил Груев, прв човек на бугарскиот Архив.
На промоцијата на книгата на проф. Ангел Димитров беа присутни двајца поранешни премиери на Бугарија, Филип Димитров и Марин Рајков и голем број други бугарски општественици.
