| |

ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ВО БЕГСТВО ПОРАДИ УБИСТВО

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од деветмината кои се гонат за вооружената престрелка во Куманово во која животот го загуби едно лице.

Двајцата осомничени се гонат за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител ценеше дека за обезбедување на присуство на двајцата осомничени, како и заради натамошно обезбедување на непречен тек на постапката има потреба од определување на мерка притвор. Затоа до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово достави предлог кој со Решение е прифатен од страна на судот и на двајцата осомничени е определен притвор во времетраење од 30 дена.

Останатите седум осомничени јавниот обвинител ги гони за сторено кривично дело Насилство од члек 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што веќе информиравме, престрелката која се случи на 31 октомври 2018 година на улицата Тоде Мендол во Куманово, беше последица на нарушени меѓучовечки односи меѓу две семејства. По употреба на огнено и ладно оружје , едно лице го загуби животот, а друго се здоби со убодни рани од нож. Во престрелката учествуваа девет лица, но се преземаат дејствија за утврдување на евентуално учество и на други, засега непознати лица.

Истражната постапка продолжува со прибирање на материјални и вербални докази за целосно расчистување на кривично правниот настан.​



Слични Објави