ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ: ПРЕД РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ГОДИНА ЧЕДО ЈОВАНОВИЌ ПРЕКУ „МАКЕДОНСКОТО СЦЕНАРИО“ КАЖА КАКО ЗАВРШУВААТ ТИЕ КОИ ТРГНАЛЕ „ДА СИ ГИ МЕРАТ“ СО АМЕРИКАНЦИТЕ

Познатиот српски политичар Чедомир Јовановиќ, лидер на Либерално демократската партија во српскиот парламент пред речиси половина година во разговор со еден од редовните гости во емисијата на Васко Ефтов, српскиот новинар Миломир Мариќ преку примерот со случувањата во Македонија искажа став дека се испраќа порака и до владеачката клапа во Србија. Да се потсетиме на делот од емисијата „Добро утро Србијо“ на Тв Хепи (26.06.2018 г.):

Јовановиќ јасно кажува дека преку Груевски се испраќа порака како ќе поминат сите што мислат дека се „попаметни“ од Американците. Српскиот политичар исто така истакнува дека Србија има свој удел во т.нар „Македонско сценарио“, додавајќи дека присуството на Горан Живављевиќ (висок офицер во српската тајна служба БИА) во македонскиот парламент за време на настаните од 27 април минатата година не било случајно.

Дали навистина присуството на Живављевиќ во парламентот за време на настаните од 27 април не е случајно? Прашање чиј одговор треба да го земе во предвид сегашната владејачка гарнитура. Дали Заев е подготвен да се помири и со тоа дека можеби српската тајна служба има врска со обидот за неговото политичко и физичко елиминирање? На тоа прашање треба да си одговори самиот македонски премиер, бидејќи на него се падна парето да го почне патот за влез кон НАТО и ЕУ. Токму од неговата подготвеност да ги разреши сите дилеми околу овие настани, зависи дали тој и ќе го заврши овој пат, бидејќи никој не може да гарантира дали утре кога ќе бидеме на чекор од НАТО или ЕУ нема на некој од север или од било каде да му текне да се најде (не)случајно на некоја жешка точка во нашата земја.