ЖЕНО, ДЕВОЈКО ТИ СИ СЕКОГАШ ПОВЕЌЕ!

Истакнато Љубовни приказни Магазин

Иако родени како послаб пол и секој една од нас нежна на свој начин, вредиме многу повеќе отколку што мислиме самите.Родени за поддршка, најдобар пријател, родени за љубов,искреност и внимание.Заради нас жените и војни се воделе, планини се поместувале, мориња се препливувале за да ни се докаже колку сме сакани, но искрено смислата на зборот жена и неговата тежина во последно време како да ја губи смислата.
Господ не создал нас жените како најубави суштества и зарем треба да се сомневаме во Господа?Родена како приоритет но не и како опција, да ја чекаат но никако да чека, да биде сакана но не и искористена, уште помалку заменета.
А што правиме ние жените… Чекаме да ни се јават или да ни пратат некоја порака, пораки кои никогаш не стигнуваат…

Не чекај, биди таа која ја чекаат, бидејќи си жена која вреди, која освен љубовта како двигател на сопствената сила не прифаќа ништо помалку од она што го заслужува.
Престани да молиш за трошка од колачот, биди таа која ќе го направи колачот и ќе го подели со саканиот. Ти си многу повеќе од тело, твоето тело е твој храм но твојата душа е твојата светиња во која многумина ќе си го најдат мирот, ќе го сакаат секој милиметар а ти ќе си нивната икона, во кој некој послаб ќе си ја најде силата и сопствената молитва.Ти си родена некому да си свемир не само една ѕвезда.Ти си убава,твоите раце знаеш ли колку вредат?! Еден ден твоите раце ќе бидат порта, дом, рај,еден ден твоите раце ќе ги лекуваат гребнатините и раните, болката и солзите а твојата прегратка ќе биде заштита од целиот свет, од лошите луѓе и злобните јазици.Твоите раце еден ден ќе бидат и единствената сигурност во времето кое е пред тебе, сигурност во несигурниот свет, свет на сигурност во кој децата секогаш се враќаат во рацете или прегратката на својата мајка. И крени ја главата, можеби една приказна завршила, една врата се затворила, обични приказни во кои секој еден маж ги губи жените затоа што не знае да ги цени додека ги има покрај себе.Но тебе како жена те чека многу повеќе од затворена врата, завршена приказна,биди писател на својот роман а животот направи го бајка, бидејќи си жена која заслужува многу повеќе од сто мисли.

Автор: Фросина Китановска