| |

Софија е шеста најдостапна европска дестинација за краток одмор

Софија е на шестото место меѓу најдостапните европски градови за краток одмор, со просечен дневен трошок од околу 77,25 евра по лице, покажува истражување што ги споредува трошоците за сместување, храна и локален превоз во 100 европски градови, пренесе БГНЕС.

Истражувањето на „Гетсби“, засновано врз податоци од туристичкиот сајт „Budget Your Trip“, не ги вклучува авионските билети. Пред Софија се пет полски градови, а најевтин е Вроцлав со околу 41 евро по лице дневно. Следуваат Познан, Катовице, Гдањск и Краков.

По Софија се рангирани Загреб со околу 95 евра дневно, Малме со 105, Будимпешта со 111 и Варшава со околу 112 евра по лице.

Најскап град во анализата е Цирих, каде што просечните дневни трошоци достигнуваат околу 331 евро по лице. По него се Берн и Базел, додека меѓу петте најскапи се и Венеција и Париз.



Слични Објави