(Видео) Група бугарски патриоти им ја расипаа „забавата“ на бугарските русофили и комунисти пред споменикот на окупаторската Црвена армија во Софија

//

Група бугарски патриоти ја уништија „прославата“ на русофилили и комунисти, потомци на шумкари од Бугарија, кои заедно со руската амбасадорка во земјата Елеонора Митрофанова дојдоа пред Монументот на окупаторската Црвена армија во Софија, за да го одбележат 9 мај- Денот на Европа, што во Русија се нарекува Ден на победата врз фашизмот.

Бугарските патриоти со себе носеа транспарент со пречкртаните симболи срп и чекан на руските комунисти и натпис „Не ја предавај Македонија!“. Од своја страна русофилите и потомците на бугарските шумкари, покрај бугарските и руските знамиња, го вееја и знамето на СССР.

Пред самиот Монумент на окупаторската Црвена Армија дојде до судир меѓу двете групи. Порано денеска окупаторскиот споменик беше обоен со боите на Украина- сино и жолто.





Претходна статија

Ново поскапување на бензините од полноќ

Следна статија

Видео: Рускиот амбасадор во Полска испрскан со црвена боја

Најново од Вести