ВО ОХРИД ЗАПЛЕНЕТИ ЛУКСУЗНИ ВОЗИЛА, ГЛИСЕРИ, МОТОРИ, СКУТЕРИ, СОПСТВЕНОСТ НА ЗОКИ КИЧЕЕЦ

//

Денес , по барање на Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција ,а по издаден налог на Судија на предходна постапка ,кој постапува по Кривичниот Предмет -„Рекет“, во кој се обвинети за сега Боки13 и Зоран Милевски-Кичевски, во Охрид извршено е одземање на подвижни предмети.

Имено МВР по добиен налог од Судија на претходна постапка , во Охрид одземало, луксузни Џипови , чија вредност изнесува околу 500.000 евра, мотори -Квадрицикли, брзински мотори, скутери за на Вода и луксузен пловен објект -Глисер-Бомбардер, дознава редакцијата ОхридСкај ,сите во сосптвеност на Зоран Милевски-Кичевски или во сопственост на неговите фирми.

Вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 Евра. Она што го дознава редакцијата Охридскај, е тоа дека највероватно Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција , ќе бара замрзнување и одземање на поголем движен имот ,кој Кичевски го поседува во атрактивни делови во Охрид ,а кој имот се проценува на над 2.000.000 евра.

Извор: Охрид Скај



Претходна статија

АРСОВСКИ: АВТОМОБИЛИ НА РЕКЕТИРАНИ БИЗНИСМЕНИ ЗАВРШИЛЕ КАЈ БРАТУЧЕД НА ЗАЕВ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА ГО АМНЕСТИРА ЗАЕВ АКО НАПРАВИЛ КРИМИНАЛ

Најново од Вести