| |

АРСОВСКИ: АВТОМОБИЛИ НА РЕКЕТИРАНИ БИЗНИСМЕНИ ЗАВРШИЛЕ КАЈ БРАТУЧЕД НА ЗАЕВ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција ја обвини власта дека се обидува да се испере од целиот криминал во кој се вмешани во случајот „Рекет“. Портпаролот Димче Арсовски побара од премиерот Зоран Заев и СДСМ да одговорат како е можно луксузни автомобили што биле во сопственост на рекетирани бизнисмени да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев.

Тој рече дека автомобилите може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица.

Арсовски праша и зошто Катица Јанева прво поднела оставка, а по два дена отворила боледување.

„Кој доктор и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка. Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија? Зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО?“, праша Арсовски и додаде оти сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал

Според ВМРО-ДПМНЕ, молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал.

Извор: Макфакс



Слични Објави