Нефи Усеини ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид

/

Контроверзниот бизнисмен од Охрид, Нефи Усеини, е носител на изборната листа на ДУИ за советници во општина Охрид на претстојните локални избори, соопшти партијата, пренесува Слободен печат.

Усеини беше советник и во претходниот состав на општинскиот совет, но лани поднесе оставка. Тој ѝ е познат на јавноста по повеќе скандали, од кои најпознат е случајот со терасата-дивоградба на неговата пицерија во центарот на Охрид, кај стариот Чинар. Усеини во 2019 година со закани спречи инспектори да извршат увид кај дивоградбата, која сѐ уште стои на истото место. Дивоизградена е и неговата бетонска база за ископ на песок на стариот пат Охрид-Струга.



На Нефи Усеини и неговиот брат Ибро им беше изречен и притвор во времетраење од 30 дена. Судот ги ослободи по 16 дена, откако тие дадоа гаранција имот во вредност од 850 илјади евра. Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, а тој, откако почна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатираше дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.

Претходна статија

Битиќи на средба со претставничката на УНДП во Северна Македонија

Следна статија

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Најново од Вести