Битиќи на средба со претставничката на УНДП во Северна Македонија

/

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа средба со претставничката на УНДП во државава Нарине Сахакјан.

На средбата дискутирале за отпочнување на втората фаза од имплементација на проектот „Поддршка за  националната развојна стратегија 2021-2041“.

-Битиќи и Сахакјан исто така разговараа за соработката меѓу Владата, УНДП и другите агенции на Организацијата на обединетите нации за потенцијален нов проект, финансиран од „Фондот за Целите за одржлив развој“ на ОН, со кои би се создале нови можности за зелено финансирање и би се забрзала транзицијата кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност, информираат од кабинетот на Битиќи.

Мандатот на Сахакјан во земјата истекува во октомври 2021, а како што се наведува во соопштението таа ја искористила средбата да му се заблагодари на заменик на претседателот Битиќи за успешната соработка со Владата во изминатите години.



Вицепремиерот Битиќи на маргините на состанокот упатил благодарност за личниот и професионален ангажман на постојаната претставничка на УНДП Сахакјан и воопшто до Програмата за развој на Обединетите Нации, за реализација на проекти поврзани со остварувањето на глобалните цели за одржлив развој.

Тој посочил дека во изминатиот период имале навистина плодна и конструктивна соработка, која во иднина ќе донесе бенефит за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Собранието ги донесе измените на Изборниот законик

Следна статија

Нефи Усеини ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид

Најново од Вести