| | |

(Видео) Бугарија ќе биде домаќин на трка од „Џиро д’Италија“ во 2026 г.

Бугарија ќе биде домаќин на трка од еден од најпрестижните спортски настани – велосипедската трка „Џиро д’Италија“ во 2026 година. Ова денес го потврди министерот за туризам на Бугарија, Мирослав Боршош, на заедничка прес-конференција со министерот за спорт, Иван Пешев, одржана во бугарската Влада, јавува БНР.

Бугарската влада официјално ја поддржа иницијативата на двете министерства за финализирање на преговорите со организаторите на трката. Бугарија ја добила организацијата во силна конкуренција со голем број други држави, истакна Боршош.

„Џиро д’Италија е настан кој ја трансформира земјата домаќин. Тоа ќе ја постави Бугарија на светската туристичка карта и ќе ја претстави како препознатлива дестинација“, изјави Боршош. Тој додаде дека позитивното влијание врз имиџот на земјата ќе биде огромно.

Според најавите, трката во Бугарија ќе се состои од три етапи со траса преку десетици општини. Ова, според надлежните тоа ќе има значаен развоен ефект за локалните заедници.

Деталите за точниот датум, маршрутите и буџетот ќе бидат објавени дополнително.

Слични Објави