(Фото) Пензионираниот професор и неговата „ебенветар“ омраза кон Бугарија
Има моменти во кои и најпаметната и начитана професорска глава, се губи во просторот и времето. Едноставно омразата ѝ го помрачува умот, а во истото време влијае и пагубно на правописот. Таков е случајот со пензионираниот професор на Филозофскиот факултет Илија Ацески, кој пластично ни покажува до каде може да падне еден човек, кој поради научните титули со кои се „накитил“ најверојатно има и претензии дека е интелектуалец.
Како што веќе напоменавме пензионираниот професор Ацески, кој за наша огромна жал не можеме да го наречеме „почитуван“, прво треба да поработи на својот правопис, потоа да посети специјалист, за да го најде најкраткиот пат кон справувањето со гневот и трето треба да им се извини на сите луѓе македонски државјани, кои веќе имаат или го очекуваат своето бугарско државјанство, без разлика на причините поради кои се одлучиле да го добијат.
Ваков кочијашки вокабулар, насочен кон илјадници луѓе, македонски државјани е недозволив, особено кога истиот доаѓа од поранешен професор (за наша среќа веќе пензионер) на државен факултет. Истите тие треба многу убаво да видат како тип на човек ги образовал нивните деца.
Г-не Ацески, Бугарија е многу далеку од „ЕБЕНВЕТАР“ држава, Вие тоа многу добро го знаете и токму поради таа причина, ја излевате вашата омраза на таков дегутантен начин. Би сакале да ве потсетиме дека луѓето на кои според прифатените норми на комуникација на социјалните мрежи и воопшто на интернет им се „дерете“ (вклучениот CAPS LOCK токму на тоа алудира), дека за да земат бугарски пасоши, морале да ги запишат своите претци како Бугари, долги години ви ја плаќале професорската плата, преку своите даноци и давачки, затоа имајте малку повеќе почит кон нив.
Дали успеавте барем на момент да го смирите гневот во вашата суштина, откако ја напишавте оваа глупост?
Ние не веруваме, бидејќи за гневот и омразата, за жал лек уште не е измислен… а нема ни вакцина за истите.