Театарската формација „Сенџу“ од Софија вечерва во Битола ќе го претстави спектаклот „Ќерката на самурајот“
Театарската формација „Сенџу“ од Софија вечерва ќе гостува на престижниот Меѓународен театарски фестивал за деца „Битолино“ со својот спектакл „Ќерката на самурајот“. Овој впечатлив театарски перформанс е селектиран во конкурсната програма на фестивалот, што претставува големо признание за уметничката вредност и оригиналниот пристап на формацијата „Сенџу“.
Претставата ќе се одржи вечерва, со почеток во 20:30 часот во НУ Центар за култура Битола. Публиката ќе има можност да ужива во уникатна приказна инспирирана од јапонската култура, раскажана низ модерен сценски јазик.
