|

Власта на СДСМ и ДУИ во кризи потрошила 2,5 милиони евра за набавка на возила, а уште неколку милиони за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги

Владата на СДСМ и ДУИ во услови на кризи и сиромаштија потрошила над 2,5 милиони евра за набавка на автомобили. Најголем дел од тие нови службени возила се со цени над 30 илјади евра. Буквално додека народот нема пари да стави гориво, власта на СДСМ и ДУИ со народни пари купува луксузни возила и потоа пак со народни пари ги развозуваат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека власта тврди дека за кризата знаела од ноември месец минатата година, а токму во тој период потрошиле милиони евра за непродуктивни трошоци и луксузи. Гледаме дека освен за нови службени возила, трошеле и за хотелски услуги, кафиња, жардињери, мебел, цвеќиња, а во исто време лицемерно бараат од граѓаните да штедат.

-Власта на СДСМ и ДУИ се тотално одлепени од реалноста, едно зборуваат, друго прават. Сигурно своите семејни буџети не ги трошат вака бескрупулозно како што тоа го прават со народните пари од државниот буџет. Овие милиони наместо за аздисување на власта, можеа да завршат во поддршка на компаниите, стопанството, граѓаните, студентите, пензионерите, земјоделците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави