| | |

(Видео) Одбележуваме 163 години од излегувањето од печат на „Български народни песни“ собрани од браќата Димитар и Контантин Миладинови

На денешен ден пред 163 години во Загреб е издаден зборникот на браќата Димитар и Константин Миладинови „Български народни песни“. Во зборникот се запишани текстовите на 660 народни песни од различни краишта на Бугарија. Зборникот е издаден со помошта на католичкиот бискуп Јосип Штросмајер, а неговото прво издание излегува на 24 јуни 1861 г. во печатницата на А. Јакиќ.

Еве што пишува самиот Миладинов во зборникот:

„Сиве почти песни се слушани от жени: седма-та от них част се собрани од восточните, а другите од западните стърни, а именно: От Панагюрище, София, Струмнишко, Воденско, Костурско, Велешко, Дебарско, Прилепско, Охридско, Струшко и Битолско. Най-повече песни се собрани от Струга, Прилеп, Кукуш и Панагюрище. Богатството од песните йе неисцърпано“.

Во ова кратко видео на емисијата 10 000 чекори на Бугарската национална телевизија се раскажува за еден од примероците на зборникот, кој што се наоѓа во Регионалниот историски музеј во Благоевград.

Слични Објави