|

Шнајдер: Путин, по примерот на Сталин и Хитлер, има план за глад ​​во 21. век

Русија има план за глад. Владимир Путин се подготвува да го изгладне најголемиот дел од светот како следна фаза од неговата војна во Европа, истакнaл угледниот историчар Тимоти Шнајдер, пренесуваат медиумите во регионот.

Во нормални времиња, посочил тој, Украина е водечки извозник на прехранбени производи. Руската поморска блокада сега ја спречува Украина да извезува жито.

„Ако продолжи руската блокада, десетици милиони тони храна ќе скапуваат во силоси, а десетици милиони луѓе во Африка и Азија ќе гладуваат.

„Ужасот на планот на Путин за глад е толку голем што ни е тешко да го разбереме“, навел историчарот.

„Идејата дека контролата на украинското жито може да го промени светот не е нова. Тоа го сакаа и Сталин и Хитлер. За Сталин, украинската црна земја требаше да се искористи за изградба на индустриска економија за СССР. Всушност, колективизираното земјоделство уби околу четири милиони Украинци.

Луѓето почнаа да умираат во голем број, Сталин ги обвини самите Украинци. Советската пропаганда ги нарече „нацисти“ оние кои привлекоа внимание на гладот, подвлекол Шнајдер.

Според него „вистинските нацисти имале слични идеи“.

„Им се допадна идејата за контрола на украинското земјоделство. Ова всушност била централната воена цел на Хитлер. Хитлер сакаше да го пренасочи украинското жито од Советскиот Сојуз во Германија, надевајќи се дека ќе изгладне милиони советски граѓани. Втората светска војна се водеше за Украина и главно во Украина, меѓу диктаторите кои сакаа да ги контролираат резервите на храна. Руската политика на сеќавање го отвори патот за план за глад во 21 век. Верувам дека планот за глад на Путин треба да функционира на три нивоа.

Прво, тоа е дел од поголем обид да се уништи украинската држава со прекин на нејзиниот извоз. Планот на Путин за глад, исто така, има за цел да создаде бегалци од Северна Африка и Блискиот Исток, области кои вообичаено се хранат од Украина. Тоа би предизвикало нестабилност во ЕУ. Конечно, и што е најстрашно, гладот ​​во светот е неопходна позадина за руската пропагандна кампања против Украина.

Кога ќе започнат немирите за храна и ќе се прошири гладот, руската пропаганда, посочил тој, ќе ја обвини Украина и ќе повика на признавање на територијалната придобивка на Русија во Украина и укинување на сите санкции. Русија планира да ги изгладнува Азијците и Африканците за да ја добие својата војна во Европа. Ова е ново ниво на колонијализам и последно поглавје во политиката на глад“, кажал Шнајдер, според написите во медиумите.

Извор: Темите

Слични Објави