| |

Според авторитетното издание „Политико“, „Бугарските патриоти“ влегуваат во следниот Парламент

Според авторитетното издание „Политико“, патриотската коалиција „Бугарските патриоти“ (ВМРО-БНД, Волја и НФСБ) го поминува цензусот од 4% и ќе биде дел од следниот бугарски Парламент.

Политико“ денеска објави график според која ГЕРБ на Бојко Борисов ќе биде прва политичка сила, со поддршка од 22,% а на второто место ќе се најде партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ со поддршка од 21 %. Третото место е гарантирано за партијата БСП а „мртва трка“ за четвртото место се води меѓу „Движењето за права и слободи“ и партијата „Демократска Бугарија“.

Под линијата за влез во бугарскиот Парламент се наоѓаат партиите на Костадин Костадинов „В’зраждане“, партијата на пребеганиот бугарски олигарх Васил Бошков и партијата на поранешниот министер за внатрешни работи и десна рака на Бојко Борисов, Цветан Цветанов.

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули 2021 година.

Слични Објави