Бајден: САД ја поздравуваат ЕУ за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан преку отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија

/

Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се вели во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

-Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи стремежот за Европа да е слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија, изјави Бајден.

Американскиот претседател е на ставот дека САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер се додека овие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.



-Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ ​​во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии, додава Бајден. 

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Костадиновска-Стојчевска: Од денеска се отвора вратата македонскиот јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ

Следна статија

Ќучук го означи како историски ден отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Најново од Вести