БКИЦ: Десислава Христова со презентација за мјузиклите „Чија си“ и „Погрешно разбраната цивилизација“ во Скопје
Презентација на Десислава Христова за жанровските особености и допирните точки меѓу мјузиклите „Чија си“ и „Погрешно разбраната цивилизација“ ќе се одржи во четврток, 29 октомври, во 11 часот, во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, соопшти Центарот во најава на Фејсбук.
„Презентацијата ќе понуди интересен поглед кон жанровските особености, уметничките заемни влијанија и допирните точки меѓу двете музичко-сценски дела“, се наведува во најавата.
Настанот е отворен за јавноста и ќе се одржи во просториите на Центарот, на улицата „Никола Вапцаров“ број 6 во Скопје.
