ВЕЧЕРВА НА БИТ ФЕСТ

Истакнато Култура

Вечерва во Центарот за култура Битола ќе се одржи осмото издание на манифестацијата „Незаборав”, годинава посветен на песните од групата „Битолски конзули”. На сцената, покрај дел од членовите на оваа позната битолска група, ќе настапат и групата Калабалак, Кирил Стојчевски на хармоника и солистите Зоран Маневски и Бојан Стојков.

Претходните седум изданија на „Незаборав” им беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков. „Незаборав” се одржува во рамките на БИТ ФЕСТ, со поддршка од Општина Битола. Влезот е слободен.