| |

(Галерија) Фондација Бугарска меморија организира едукативен семинар за младинци од Бугарија и РС Македонија

Во организација на Фондацијата „Бугарска меморија“ во Бугарија се одржува едукативен семинар за обука на младинци од Република Северна Македонија и Бугарија. Семинарот беше отворен на 16 октомври, ќе трае до 22 октомври и се спроведува во рамките на проектот „Откривање на силата во единството и споделените вредности со примена на методите на учење базирано на проблем и на вредности“. Ова го соопшти Живко Костуранов од Фондација „Бугарска меморија“ за БТА.

Настанот се реализира со средства по проект на европска програма и е во партнерство со здружението за македонско-бугарско пријателство од градот Битола.

Од Фондацијата соопштија дека главната цел е да се создаде иновативна и интегрирана методологија заснована на учење базирано на проблем, како и обука на младите.

„Учесниците се подготвени со теми поврзани со претприемништвото во контекст на меѓукултурните разлики, како и единството во различностите. Сето тоа придонесува за градење вештини во сферата на претприемаштвото, социјалните контакти и иницијативи и сл. Тоа е и охрабрување на младите луѓето за нивниот позитивен однос кон европските вредности“, додава Живко Костуров.

Слични Објави