Корубин за Zoom.mk: На македонските политичари им сметаат Бугарите, не имињата на бугарските клубови

//

Политичарите реагираат хистерично против отворањето на бугарските клубови не затоа што им сметаат имињата на клубовите, туку воопшто им сметаат клубовите и Бугарите во земјата, вели Никица Корубин политички аналитичар и поранешен пратеник, во ексклузивно интервју за порталот zoom.mk оценувајќи го како проблематично однесувањето на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и на министрите во врска со отворањето на бугарски клубови во Битола И Охрид.

„Не се спорни имињата, туку клобовите и воопшто нашите сограѓани Бугари, на кои им се оспорува секое право, Зошто функционерите мислат дека ние имаме право да им кажуваме на Бугарите со какви имиња треба да ги наречат своите клубови“, тврди аналитичарката Корубин додавајќи дека забраната на клубовите е опасна тенденција која потсетува на тоталитарни практики.

Корубин оценува дека однесувањето на властите кон клубовите на македонските Бугари демострира антибугарска свест негуван од времето на бившата Југославија, која секоја реакција од Бугарија го сметаше за субверзивна.

„Политиката во тоа време не ја градела Македонија, туку центарот во Белград. И тогаш немало оправдување зошто сме имале таква политика, меѓутоа нашата моќ не била толкава да се бориме за нешто што е наше автентично македонско. Зошто македонците би имале анти бугарско чувство воопшто, ако не е според мене наметнато чувство. Значи ние размислуваме кон Бугарија со туѓиот поглед. Не е тоа нашиот автентичен македонски поглед“, истакнува Корубин.

Според неа, реакцијата на МНР, а не на МВР пред протестите во Охрид имала превентивна цел за да не може ЕУ и Бугарија да ни замерат за очекуваниот говор на омраза што ќе се појави таму.

„Не можете да оправдате или да ширите говор на омраза. Што е тоа оправдано, се што ќе направат Бугарите или Бугарија тоа однапред е провокација. Не е секое поведение провокација, и да е провокација, тогаш кој е интересот на државата да одговараме на секоја провокација“, прашува Корубин и додава дека со начинот како ние реагираме кон бугарските клубови покажува дека ние работиме против нашите интереси.



Во интервјуто Корубин збори и за лажната дилема за губење на идентитетот и одбивањето да се внесат Бугарите во уставот, кои се користат за купување време и за одлагање на преговорите за членство со ЕУ.

Таа промовира една автентична теза дека антиевропски сили нема само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во владините СДСМ и ДУИ.

Според неа, евентуалното започнување преговори ќе падне системот на партократија и високата корупција во земјата.

Претходна статија

(Галерија) Фондација Бугарска меморија организира едукативен семинар за младинци од Бугарија и РС Македонија

Следна статија

МНР на Бугарија: Софија направи многу за добрите односи со РСМ, да прекинат провокациите кон македонските Бугари

Најново од Вести