| |

МНР на Бугарија: Софија направи многу за добрите односи со РСМ, да прекинат провокациите кон македонските Бугари

Бугарија секогаш работела за зајакнувањето и продлабочувањето на пријателството и добрососедските односи со Република Северна Македонија. Бугарската држава во изминатите години вложи многу труд во реализацијата на оваа цел.

Ова се наведува во официјалната позиција на бугарското МНР испратена до БГНЕС. „Министерството за надворешни работи повторно нагласува дека сите јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи, тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се прикаже спротивното се неточни и знак на недобронамерност. Без оглед на многуте провокации кон Бугарија и особено кон Бугарите во Северна Македонија во последните месеци, таквиот говор го сметаме за неприфатлив и крајно контрапродуктивен. Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Северна Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од праведниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство“, се вели во позицијата на МНР.

„Во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, ги повикуваме политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки да го поддржат процесот на враќање на довербата и консолидирање на добрососедските односи“, стои во позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи.



Слични Објави