| |

Бугарскиот премиер Желјазков ги поздрави младинците што помагаа во гаснењето на пожарите во Сунгурларе

„Ова се момчињата кои во овие тешки денови, со својот тивок и скромен пример во Сунгурларе, помогнаа на свој начин. Но нивниот чин стана толку видлив за сите и даде таква храброст на пожарникарите, шумарите и доброволците, што немаше шанси да не ги поканам овде. Ги поканив меѓу нас за да ја изразиме нашата признателност и благодарност, затоа што тие се амбасадори, претставници на сите оние кои во овие тешки времиња ја покажуваат човечката доблест. Тоа е скромен, својствен, тивок, непретенциозен хероизам, но истовремено она што нè тера да се чувствуваме обединети како луѓе, обединети како Бугари,“ изјави премиерот Росен Желjазков претставувајќи ги петмината млади кои помогнале при гаснењето на пожарите во регионот на Сунгурларе.

Даниел Г’л’бов, Александар Димитров, Виктор Николов, Атанас Крстев и Станислав Божиков денес беа гости во бугарската влада по покана на премиерот Желјазков.

Бугарскиот премиер истакна дека за време на средбата момчињата ги споделиле своите соништа, кои насликуваат една исклучително оптимистичка иднина за Бугарија. „Ни е потребен овој пример. Уште еднаш ја изразувам нашата благодарност и се надевам дека на некој начин ќе светиме со нивна одразена светлина во нашите напори да направиме нешто смислено, за доброто на општеството. Да бидеме насочени еден кон друг со онаа човечност и емпатија што толку недостасува во нашето секојдневие,“ додаде премиерот.



Слични Објави