| |

ТРАМП МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЏОНСОН ЗА УБЕДЛИВАТА ИЗБОРНА ПОБЕДА

Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на британскиот премиер Борис Џонсон за неговата убедлива изборна победа.

„Честитки до Борис Џонсон за големата ПОБЕДА!“, напиша Трамп на „Твитер“.

Трамп исто така рече дека Велика Британија и САД сега ќе можат да постигнат нов трговски договор по брегзит.

„Тој договор има потенцијал да биде многу поголем и попрофитабилен од кој било договор што може да се постигне со ЕУ“, рече Трамп.

АП забележува дека во моментов Европската Унија е најголемиот трговски партнер на Велика Британија.

Извор: Макфакс



Слични Објави