МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ ВО СФЕРАТА НА ТУРИЗМОТ
Веќе има заеднички туристички проекти меѓу Бугарија и Македонија. Ова го изјави Александар Донев, поранешен директор на Агенцијата за туризам на Република Македонија, во интервју за емисијата “Светот е бизнис” на Bloomberg TV Bulgaria.
“Самиот пазар тоа го бара, туристичките агенции соработуваат”, рече тој.
Според Донев, прашањето треба да се препознае на повисоко ниво од институциите.
“Генерално она што ние како регион можеме да го постигнеме, особено Бугарија и Македонија, е зголемувањето на достапноста на прекуокеанските и источните пазари, бидејќи потенцијалните туристи ќе дојдат од таму”, изјави Донев.
Донев смета дека административните пречки треба да се отстранат, за да можат туристите да се движат полесно.

