На Мухамед Зекири и Драги Рашковски ќе им суди иста судијка

/

Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зекири, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба ќе седне во обвинителната клупа на 15ти декември. Основниот кривичен суд преку АКМИС – системот, го одреди терминот за почеток на процесот и судијата кој ќе седи наспроти Зекири.

Фанка Јанчулева – Михаиловска ќе му суди на екс генералниот секретар на владата, кој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за околу 1милион и 400 илјади евра. Таа е истиот судија која во моментов му суди и на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.

Јанчулева – Михаиловска, нема првпат да се сретне во судница со Зекири. Тој беше повикан за сведок и во предметот за Рашковски.

Според обвинението, Зекири одговара дека како генерален секретар на владата во четири очи склучил договори за консултантски услуги за анализа на состојбите во пошта и железница.



Јанчулева-Михаиловска е истиот судија која во моментов му суди и на екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Шкријељ: Усвоени измените на законите за детска и социјална заштита

Следна статија

Герасимовски: Поддршката од САД е клучна за развојот на нашата земја

Најново од Вести