| |

МИЦКОСКИ: СДСМ ГИ ПОНИЖУВА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

-Мора да му ставиме крај и на ова понижување кое што го трпат земјоделците. Ветуваа загарантиран откуп, ветуваа големи субвенции, ветуваа помош за земјоделците, а реалноста е поразителна. Од оние јаболкари кои што денеска ги сечат стеблата на дрвата во ресенско, преку оние кои што ги фрлаа сливите во Пијанец и Малешевијата, се до оние во Пелагонија кои што останаа необрани житните полиња, преку раноградинарските култури овде во Валандово, во Богданци, во струмичко. Сето тоа преку оние лозари кои што останаа измамени од страна на овој министерот кој што го видовме пред некој ден на телевизија како се фали дека шопингува во Дубаи додека земјоделецот едвај први со први скрпува за него и неговото семејство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вчера беше во посета на Валандово.

Слични Објави