ПОВРЕДЕН МАЖ ВО ТЕПАЧКА ВО ВЕЛЕШКО МЕЛНИЦА

Во велешкото село Мелница синоќа околу 19:15 часот по претходна караница помеѓу 46-годишниот Р.Р. и 28-годишниот Ш.М, двајцата од село Мелница настанала физичка пресметка меѓу две групи од по три лица, при што со повреди се здобил Ш.М., информираат од СВР Велес.

Повредениот бил пренесен во болницата во Велес, а полицијата извршила увид на местото на настанот. За медицинска помош во болницата во Велес пристигнале и дел од останатите учесници.