КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ АНСАМБЛ „ИГНАЦ ФУКС” НА „ОХРИДСКО ЛЕТО”

Во Црквата „Св. Софија“, во рамките на Охридско лето, вечерва (14 август), со почеток од 21 часот ќе настапи октетот „Игњац Фукс“ во состав Костадин Богданоски-прва виолина, Фросина Богданоска-втора виолина, Хивоте Тадезе-виола, Никола Јовановиќ-виолончело, Александар Тасиќ-кларинет, Виктор Кирченко-хорна, Жарко Перишиќ-фагот и Илин – Диме Димовски-контрабас.

„Игњац Фукс” е формиран во јуни 2016 година на иницијатива на македонско-хрватскиот контрабасист Димовски и на српскиот кларинетист Александар Тасиќ. Ансамблот го носи името на познатиот хрватски композитор Ватрослав Лисински кое е воедно и името на концертната сала во која секојдневно работат некои од членовите на ансамблот во Загреб.