За министерот 78%, за докторите 3.000 денари покачување – Меџити смета дека го решил проблемот со платите
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, смета дека со покачувањето од 3.000 денари, го решил проблемот со платите во здравството. Тој во интервју за „Макфакс“ вели дека со ова не се фали, а призна дека добил покачување кое е повисоко за 78% проценти. Меџити за платите на докторите вели: „Тоа што две години не се договараше за покачување на платите во здравството го решив тој проблем“.
„Значи јас не бев тој што договарав такви материјални средства. Моите одлуки точно ги знае јавноста, јас и дента кога беше покачувањето, кога потпишав макотрпно, борејќи се со сите институции, потпишав и тоа лично многу се залагав за тоа да бидат потпишани, затоа што имавме опструкции од другите министерства кои се одговорни за тоа. Кога потпишав реков дека ова не е тоа што го заслужуваат лекарите и медицинскиот персонал“, вели Меџити во интервјуто за „Макфакс“.
Покачувањето на платите на функционерите не го искритикува.
„Апсолутно јас сум доктор, претпочитам да бидам доктор, и после ова ќе бидам доктор, и нормално дека докторите инвестираат во себе 40 години и докторите треба да добиваат повеќе . Јас не седам со скрстени раце, работам и тоа што го направив моја иницијатива е и го пративме во влада информацијата за да ги нема тие економски организациски директори да се тргна, тоа што го потврди премиерот, рече на еден километар знаете 66 директори, 33 управни одбори, јас бев тој што нафатив за тој проблем затоа што Словенија ист случај е, но има еден клинички“, додаде Меџити.
Меџити во интервјуто зборува и на други прашања од граѓаните, за катастрофалната состојба со здравството.