ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА И ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ

/

1 лажичка сол
1 прстофат мелен црн бибер
1 јајце
2 лажици брашно тип 500
1 гл. кромид
2 чаши леќа
3 лажици масло
6 парчиња печени пиперки

Подготовка:

Леќата се мие, вари и се цеди добро.

Кромидот и печената пиперка се сечат многу ситно. За овој рецепт се претпочитаат црвените.

Измешајте ги леќата, пиперките и кромидот. Додадете сол и бибер.

Изматете едно јајце одделно и додадете го постепено.



Количината на брашното и јајце е толкава за да се добие густа смеса. Извадете ја смесата и пржете во нелеплива тава со малку маснотии. Ќофтињата најлесно се вртат со шпатула.

Забелешка: Понекогаш ќофтињата се распаѓаат, тоа зависи од густината на смесата, па прво пржете само едно и ако е потребно додадете повеќе брашно во смесата и потоа испржете ги преостанатите ќофтиња. За време на пржењето, можеби ќе треба да додадете повеќе маснотии во садот.

На здравје!

Извор: Мисли

Претходна статија

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЕМЕЈСТВОТО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ЧИКАТИЛО ПО НЕГОВАТА ЕГЗЕКУЦИЈА

Следна статија

ГРЕШКИ КОИ ЈА УБИВААТ СТРАСТА ВО ВРСКАТА

Најново од Магазин