АЈДЕ РЕД СЕ РЕДАТ ОБВИНИТЕЛИ ОД СЈО НА СОСЛУШУВАЊЕ ВО ЈО

И обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, добил покана во текот на утрешниот ден да се појави во просториите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и да сведочи за случајот „Рекет“, дознава „Фокус“ од доброупатени извори.

Вчера во обвинителството сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, а во понеделникот свој исказ даде и обвинителката Елизабета Јосифовска.

Рустеми е обвинителот кој ја води истрагата за случајот „Поштенска банка“, а обвинителката Стефанова за случајот „Империја“.