ЗАЕВ: ВО ПЕТОК СЕДНИЦА НА ЦО НА СДСМ ЗА ИЗБОРИТЕ
Дебата за можноста за одржување претседателски заедно со предвремени парламентарни избори е отворена, в петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена.
Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата посветена на презентација на плановите за изградба на патната инфрастуктура за 2019 и сработеното во 2018, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неговата партија е поблиску до ставот за претседателски заедно со предвремени избори и како тоа би се одразило врз силните инвестиции што се најавуваат.
Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседаталските ќе се одржат и избори на градоначалници.
