| |

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАР: ВИРУСОТ УБИВА ЛУЃЕ, ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА А НЕ НА КВАЗИ-НАУЧНИЦИ

„Да знаете дека вирусот убива луѓе, без разлика дали си стар или млад. Верувајте само на стручните лица, а не на секакви портали и квази-научници. Апелирам граѓаните да ги почитуваат препораките максимално, да бидат трпеливи и да се прилагодат во новонастанатата ситуација. Знаеме дека ќе има загуби во економијата, но таа пак ќе се опорави, додека загубеното здравје нема никогаш да се врати. Ако некој оваа болест ја поминал лесно, кај друг може да биде фатална. Ние уште не знаеме со 100 отсто сигурност со кого си имаме работа. Чувајте се и бидете разумни“- порачува градоначалникот на општина Дебар Хекуран Дука во интервју за Фокус.

Додека најголем дел од скопските општини се соочуваат со огромни проблеми поради зголемувањето на бројот на заразени од корона вирусот, Општина Дебар веќе 45 дена нема регистрирано нови случаи на опасната зараза.

„Ние во Дебар не ја победивме епидемијата со колективна природна имунизација, туку со дисциплина и изолација, носење на заштитна опрема, физичка дистанца и дезинфекција. Од над 2.500 граѓани во нашата општина, само 35 лица стекнале природен имунитет на корона вирусот и тие беа познати заболени лица. Ние би требало да имаме и втор бран, кој се очекува да биде послаб од првиот“- вели Дука за Фокус.



Слични Објави