Тодор Попангелов: „Бугарската кауза беше праведна“
На 28-ми февруари 1876 г. во Ваташа е роден ТОДОР ПОПАНТОВ ПОПАНГЕЛОВ – просветен работник и револуционер, член на ЦК на ВМОРО. Брат е на Христо и Jованче Попантов и правнук на легендарниот Даскал Камче. Основното училиште го завршува во родното село, а во Солун Бугарска мажка гимназиjа. Се зачленува во организациjата 1894 г. Наредната година е назначен за учител во училиште во Прилеп, а покасно е избран за член и касиер на градскиот и околискиот комитет на ТМОРО. Под негово раководство се издава револуционерниот вестник БОРЕЦ, коj што нелегално се распространува низ Македониjа. По настојување на ЦК на ТМОРО во 1899 г. Попантов е назначен за учител во Крива Паланка, каде што jа закрепнува организационата мрежа и таjните канали за пренос на оружjе низ бугарско-турската граница, по негативните последици од Виничката афера. Потоа е главен учител во Пехчево и се обидува да го неутрализира деjството на четите на ВМОК. Уапсен е од властие и во периодот ноември-декември 1902 г. лежи затвор во Куршумли Ан. Во февруари 1903 г. е принуден да го напушти Пехчево и работи како главен учител во Мелник. Отвора пансион за бугарските ученици и е избран за член на околиското раководство на ВМОРО. Како делегат од Серскиот револуционерен комитет Т. Попантов учествува на Рилскиот Конгрес 1905 г. и е избран за член на ЦК, заедно со Даме Груев и Пере Тошев. Во периодот јули-декември 1906 г. тој е уапсен и обвинет за револуционерна деjност, но на судскиот процес на кој еден од неговите заштитници е Христо Далчев е оправдан. Од почетокот на 1907 г. Т. Попантов работи како учител во петокласното женско училиште во Скопjе и е избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. На краjот на учебната 1906-1907 г. под притисок на османлиските власти, Егзархиjата решава да го разреши од таа должност. После тоа нелегално пристига во Бугариjа каде учителствува. По Хуриетот повторно се враќа во Македониjа и работи како учител во Мелник, а потоа во Мустафа Паша (Свиленград). Кон краjот на 1910 г. заедно со сопругата заминува за Женева, каде што студира хемиjа. При започнувањето на Првата балканска воjна, заедно со сопругата, постапува како доброволец во санитарните чети на Македоно-одринското ополчение на Бугарската војска. Во периодот 1913-1915 г. работи како учител во Скеча (Ксанти), а за време на Првата светска војна е окружен управник на Кавадарци. Од 1919 г. живее во Пловдив, каде што е еден од основачите и долгогодишен претседател на културно-просветното друштво ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ. Тодор Попантов умира во Пловдив на 25-ти декември 1954 г.
“До Балканските војни Кавадарци беше околиски центар на областа Тиквеш. По 1913 г. кога тие бугарски места на Македонија беа окупирани од Србија, србската власт ја раздели Тиквешката околија на 2 административни единици, Кавадаречка и Неготинска. Обете се населени само со Бугари и помаци. Првите се мнозинство во споредба со вторите. Татко ми свештеник, воспитан во народен дух од неговиот татко и дедо му, не им се потчинуваше на наредбите на грчкиот владика и го поттикнуваше населението против него. Владиката го наклевети татко ми пред турската власт, претставувајќи го како бунтовник. Турската власт ги послуша клеветите и интригите на владиката и се согласи да го затворат во некој манастир. Еден ден го грабнаа од дома и под стража го однесоа Солунско. Меѓу Бугарското население во селото се крена големо незадоволство, кое се прошири во градот и во другите села и почнаа големи протести против владиката и грчката Патријаршија.
Во квечерината на септември 1885 г. имаше беговска свадба со многу поканети гости Турци и Бугари. Тогаш беше договорено да се одржи борба на пеливани. Местото за борење беше рамно и добро изчистено околу кое стоеја во неколку редови Турци и Бугари. Се пикнав меѓу Бугарите, и бидејќи малечок, излегов напред пред другите. Се јави веќе познатиот турски јунак и почна гордо да го обиколува кругот, канејќи нов борач. Забележав шушкање меѓу нашите редови и слушам дека се спомна името на нашиот познат борач Захарко Димовски. Го убедуваа да се бори со гордиот Турчин, но првин откажуваше, зашто се плашеше од турскта одмазда. Меѓутоа Бугарите настојчиво го наговараа. Нашиот се соблече и по гаки се појави во кругот. Во еден миг Захарко му се доближи на својот противник, се затрча и со голема вештина се пикна меѓу нозете на Турчинот, го крена на своите раменици и го преврте на земја. Веднаш се сврти, го држи со грбот на земја и се подготви да му го стави коленото на гради. Турците се сосема збркани и нивното понижување е големо. Ги вадат ножевите и настапубаат кон подедителот. Но во тоа време Бугарите, кои отворено ја изкажуваат својата радост, го зедоа меѓу себа својот јунак, отворајќи му пат и помагајќи му да се скрие во бугарските куќи.
Во тоа време на небесниот свод се случуваше чудо: движење на многу звезди, откинати парчиња на метеори кои паѓаа некаде на земјата и морињата. Оваа појава која ретко се случува, некои ја протолкуваа дека Турција ќе падне, зашто падна турски првенец под нозете на бугарски јунак. Токму тогаш се водеше србско-бугарската војна и Бугарското оружје беше овенчано со слава. Бугарската кауза беше праведна.“
