ПРЕД 21 ГОДИНА БЕШЕ ПОТПИШАНА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЈАЗИЧНИОТ СПОР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Денеска се навршуваат 21 година од потпишувањето на Декларацијата за решавање на јазичниот спор меѓу Македонија и Бугарија.

Декларацијата беше потпишана за време на официјалната посета на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во Софија.

Според текстот на Декларацијата, Бугарија го признава постоењето на македонскиот јазик на територијата на Македонија, но не и на бугарска територија. Во вториот пасус на Декларацијата потпишана од Георгиевски и Костов е наведено дека, двете земји немаат територијални претензии една кон друга и дека ниту еден текст од македонскиот Устав не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи на Бугарија, со цел заштита на лица кои не се државјани на Република Македонија.

Со овој текст Македонија декларира дека нема да има претензии за постоење на македонско малцинство во Бугарија.

Отпор против декларацијата во тоа време имаше и од двете страни на границата.