| |

Поранешен шеф на бугарската дипломатија: Петков го изолира бугарското МНР, разговара со нашите партнери од РС Македонија само во друштвото на својата советничка Весела Чернева

Совршено неразбирлив е форматот преку кој во моментот премиерот Кирил Петков разговара со партнерите од РС Македонија, без дипломати и учеството на бугарското МНР и само во друштвото на својата советничка Весела Чернева. Ова во интервју за БГНЕС го изјави поранешниот шеф на бугарската дипломатија Даниел Митов од редовите на ГЕРБ.

Митов изјави дека Петков имал некаква лична агенда и е потготвен да помине преку бугарскиот национален интерес во однос на РС Македонија, да го погази, за да ги испорача ангажманите што ги преземал.

„Одамна предупредуваме дека МНР е изолирано од овој процес. Премиерот има некаква лична агенда и потготвен да го погази бугарскиот национален интерес, за да исполни одредени ангажмани што ги прифатил. Тој е должен да ги почитува решенијата на парламентот, Рамковната позиција, а исто така и позицијата на Консултативниот совет за национална безбедност“, вели Митов.

Тој го предупреди Петков дека ако започне да работи против тие позиции ќе го сретне отпорот не само на опозицијата туку и на неговите коалициони партнери.



Слични Објави