|

Уставниот суд ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата, со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините

Уставниот суд денеска на својата 20-та седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините.

Подносителите Скендер Реџепи, Ќенан Алија, Блерим Беџети и Сали Мурати тврдат дека Владата ја донела Одлуката без законско овластување, спротивно на член 34 од Законот за локална самоуправа и на податоците од Пописот 2021.

Според иницијативите, Одлуката создава правна несигурност, е нејасна и се темели на укинати методолошки основи, со што се повредуваат уставни одредби за владеење на правото и законитост.

Слични Објави